Скопје

Вчера во Скопје 8 сообраќајни незгоди – една со тешки телесни повреди

Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно осум сообраќајни незгоди од кои една сообраќајна незгода со тешки телесни повреди, пет сообраќaјни незгоди со телесни повреди и две со материјална штета. Во сообраќајните незгоди едно лице се здобило со тешки телесни повреди и шест лица се здобиле со телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 28 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени пет возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило. Исто така исклучени од сообраќај се и четири возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкциониран е еден возач поради неправилно престројување, двајца поради неправилно престигнување и тројца возачи поради непоседување на зимска опрема. Во текот на изминатиот ден издадени се 86 мандатни платни налози и 47 возила се подигнати со специјално возило “пајак”.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток