Македонија

(ФОТО) Со општински пари во Охрид се поставуваат полу-подземни контејнери

Обезбедуваме посовремени услови за одржување на јавната чистота во нашиот град. Започна поставувањето на полу-подземни контејнери кои поседуваат најсовремени стандарди и карактеристики за депонирање отпад, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.

Градоначалникот во продолжение на објавата пишува:

Во првата фаза, вакви контејнери ќе бидат поставени
-Пред влезот на „Горна Порта“;
-На пресекот помеѓу улица „Јане Сандански“ и улица „Славеј Планина“;
-На пресекот помеѓу булевар „Туристичка“ и улица „Даме Груев“ и
-На кеј „Македонија“.
Овие активности се финансирани од општинскиот буџет. Продолжуваме да работиме за почист и поубав Охрид.

На почеток