Актуелно

Скопјанец обвинет за предизвикување општа опасност со пукање од автоматски пиштол

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице кое се товари за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи по член 396 став 2 во врска со став 1, како и за кривично дело – Предизвикување општа опасност согласно член 288 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот 24 – годишник, на 02.11.2020 година, неовластено држел огнено оружје кое на граѓаните им е забрането – автоматски пиштол ЦЗ ВЗ61 Шкорпион, како и 10 куршуми за тој пиштол со калибар 7,65 мм. На критичниот ден, на улица „Цветан Димов“, тој забележал едно лице и испукал неколку куршуми кон него, со што со умисла презел општо опасно дејствие и го загрозил животот и телото на оштетениот. Во настанот биле оштетени три паркирани моторни возила.

Бидејќи постојат околности кои упатуваат на опасност од бегство и можност обвинетиот да го повтори делото, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор.​

На почеток