Скопје

30 дена притвор за Груевски за случајот ,,Титаник“

На денешното рочиште за случајот ,,Титаник”, судот на барање на СЈО, на обвинетиот Никола Груевски, кој е во бегство, му одреди мерка притвор од 30 денови.
Ова е втор притвор за Груевски во отсуство. Пред 7 дена судот изрече притвор и за случајот ,,Талир“.
Денешното судење за предметот ,,Тврдина“, започна со задоцнување од 53 минути, според набљудувачите на здру\ението ,,Зелена лупа“, поради доцнењето со спроведувањето на обвинетите Миле Јанакиевски и Кирил Божиновски од истражниот затвор.
Инаку, во образложението на судот за новиот притвор на Груевски се вели:
,,Имајќи го во предвид барањето на јавниот обвинител ,поднесено на 23.11.2018 за определување мерка притвор за обвинетиот Никола Груевски, како и известувањето на Претседателот на Собранието на Република Македонија поднесено на 27.11.2018, по советување и гласање Судечкиот совет, по член 365 став 3 , а во врска со член 165 став 1.4 од ЗКП , на обвинетиот НиколаГруевски му одредува мерка притвор во траење од 30 дена и истата стапува на сила од денот на неговотп лишувње од слобода “-стои во објавата на судот.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток