Годинава нема да биде организирано традиционалното фрлање на Светиот крст во водите на Охридското Езеро од градското пристаниште во Охрид.
Поради пандемијата од Ковид 19, празникот Водици ќе биде одбележан само во црковните храмови со утрински богослужби и осветување на вода, со која ќе биде извршен Богојавленскиот водосвет на езерото.
Упатувам апел до граѓаните да се воздржат од масовно групирање и капење во езерото. При посетата на храмовите задолжително да ги почитуваат препораките за заштита, да носат заштитни маски и одржуваат дистанца, напиша на својот Фб профил, градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.
Георгиски: Упатувам апел до граѓаните да се воздржат од масовно групирање и капење во езерото за Водици
Од
Објавено на