Македонија

(ФОТО) Охрид во знакот на Водици, се поставуваат државни и верски знамиња

Започна украсувањето по повод одбележувањето на големиот христијански празник Богојавление-Водици.
Од утрово екипи на ЈП “Охридски Комуналец” поставуваат државни и верски знамиња во чаршијата и главните улици, кои водат кон градското пристаниште, напиша на својот Фб профил градоначалникот на Охрид, константин Георгиески.

Градоначалникот во објавата додава:

Годинава Богојавление-Водици нема да се прославува на традиционален начин со фрлање крст во охридските води. Празникот Водици ќе биде одбележан само во црковните храмови со утрински богослужби.
Општина Охрид, уште еднаш упатува апел до граѓаните при посета на верските објекти да се придржуваат кон здравствените протоколи, задолжително да носат маска, оддржуваат дистанца и ги дезинфицираат рацете.

На почеток