Свет

Ќе замине ли и Ирак од ОПЕК?

Ако некоја земја реши да ги следи стапките на Катар и да ја прекине соработката со Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК), тоа ќе биде Ирак, вели Мајкл Коен, шеф за истражување на енергетските пазари во банката „Баркли“.
„Мислам дека во однос на сите земји од ОПЕК во последните шест-осум месеци се истакнува Ирак“, изјави Коен за Си-ен-би-си додавајќи дека Ирак често не е во согласност со целите, па ако ограничувањата беа премногу строги, Ирак може да почувствува дека во најдобар интерес му е да не биде член на Организацијата.
Ирак е вториот по големина производител на нафта во ОПЕК по Саудиска Арабија. Повеќе од 90 отсто од приходите на земјата доаѓаат од нафтата, вели Меѓународната агенција за енергија.
Ирак во октомври испумпуваше рекордни 4,76 милиони барели дневно, вели поранешниот ирачки министер за нафта. Неговото зголемено производство како и повеќегодишните прекумерни изпумпувања од Либија придонесоа оваа есен за кулуминација во глобалното производство во 2018 година. Цитирајќи ги посетите на саудискиот министер за енергија Калид ал-Фалих во Багдад во последните два месеци, Коен рече:
„Ние не сме во тек со природата на овие разговори, но очигледно постои голема загриженост во однос на она што го вели Ирак.”

На почеток