Скопје

Општина Бутел донираше прочистувачи за воздух за градинките

Донацијата од 8 прочистувачи за воздух за јаслените групи во општина Бутел. Донацијата ја предаде градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски, кој нагласи дека во тек е набавка и на останатите 30 прочистувачи, со кои ќе бидат опремени сите занимални во шесте објекти на ЈУ Детска градинка „11 Октомври”.
Директорката на градинката „11 Октомври“, Луција Кировска истакна дека обезбедувањето на прочистувачи на воздух, престојот на дечињата ќе им го направи поздрав и попријатен.
Покрај набавката на прочистувачите, во контекст на активностите за борба против загадувањето од следната недела, во дворовите на градинките ќе се организираат еколошки акции.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток