Градоначалникот Константин Георгиески во придружба на евроамбасадорот Дејвид Гир , министерот за локална самоуправа Горан Милевски и претседателот на општинската организација на Црвен крст Сашо Точков, присуствуваше на презентација на специјалната опрема за спасување во зимски услови што денес се одржа на кејот од Охридското Езеро .
Опремата беше обезбедена преку проектот „Нови можности за безбеден зимски авантуристички туризам “ финансиран од Европската Унија преку ИПА2 програмата за прекугранична соработка меѓу Северна Македонија и Албанија. Проектот го спроведуваат Црвен Крст- Охрид, општинина Дебрца ,општина Грамш од Албанијаи и алпинистичкиот клуб „Патагонија“ од Охрид.
фото: Општина Охрид