Дождот што ја зафати Грција утрово создаде метеж на многу клучни патишта во главниот град Атина и затворање на училиштата на Атика, Кефалонија, Закинтос, Западна Грција и Пелопонез, поради опасност од поплави, пишуваат грчките медиуми.
Итните служби реагираа на 280 сигнали за инциденти минатата ноќ.

Во Атина возачите се соочуваат со проблеми и застои во сообраќајот на клучните булевари.
На дождот претходеа силни ветрови во изминатите три дена, кои предизвикаа пречки во снабдувањето со електрична енергија во делови од Атина, но и во други делови од земјата, а пријавени беа и паднати дрва.
Грците се соочија и со проблеми во поморскиот транспорт, бидејќи поради невремето голем број бродови останаа усидрени со часови.