Македонија

Владимир Симеонов со приговор за текстот со фреските, реагира дека „Тапетите се набавуваат од Италија“

По текстот на скопје1 по наслов: „Фреските повеќе не се цртаат туку лепат“, до нашата редакција се обрати Владимир Симеонов од “Студио за икони Симеонов. Тој иако не е споменат во текстот освен со фотографија која е уредно потпишана, затоа што е извадена од социјалната мрежа фејзбук, во дописот како што пишува поднесувам приговор по однос на навреда , клевета, злоупотрба и вадење од контекст на фотографии од нашата фб. страна “Студио за икони Симеонов.
Во продолжение ви го пренесуваме дописот во целост:
Приговорот го поднесува Владимир Симеонов, академски сликар, мозаичар, конзерватор и зограф.
Во вашиот текст со наслов:„фреските повеќе не се цртаат туку лепат„објавен на ден 06.12 2018год. сте прикачиле работни фотографии од архивот на нашата фб. страна, на кои директно атакувате со реченицата: „Тапетите се набавуваат од Италија„ што не е случај со двете објавени фотографии, на кои „фреските„ се изработени во нашето студио односно рачно насликани(не нацртани). За кои имаме и соодветна фото и видео документација на нашата страна.
Имате објавено работни фотографии со мојот лик, а за тоа немате претходно добиена дозвола иако сте можеле уредно да не контактирате на нашата фб. страна што сметам дека е неетички и непрофесионално за еден медиум.
Во однос на вашата забелешка дека живопис изработен во акрилна техника не е фреска, или ве цитирам „токму поради ова се наметнува прашањето дали зборот фреска е соодветен„ ве молам погледнете ја нашата страна и ке видите дека секоја објава на зборот фреска или фрески е ставен во наводници. Инаку зборот фреско во буквален превод значи свежо, односно живописувње на свеж малтер. Во спротивно би било Секо техника, живописување на сув малтер или подлога што е и случај со нашиот начин на живописување. Го користиме зборот фреска поради неговата општопознатост, но и затоа истиот го ставаме во наводници
Тоа што го гледате на објавената фотографија се „фрески„ насликани на платно со акрилни бои и потоа аплицирани односно залепени на ѕид, а тоа е техника која ја користиме во цркви каде е неопходна: тешкодостапен терен, лошо малтерисани ѕидови, обемот на донации од „фрески„ за тој храм…. Впрочем техника која одамна се користи во други Првославни земји.
На нашата фб страна можете да видите и два албума од живописуванње на цркви директно на ѕид со акрилна техника.
Сето ова би било поинаку доколку не исконтактиравте и добиевте точни информации, односно дозвола за инволвирање на нашето студио и мене лично во овој понижувачки текст за мојата работа и професија, и поради нашите близу 12 000 фанови на нашето студио кои ги стекнавме професионално и со доверба ги задржавме во изминатава една година.
Очекувам овој приговор да го земете како демант на вашиот текст, и истиот да биде јавно објавен од ваша страна на вашиот сајт, со што би ја покажале и потврдиле вашата заложба за професионално новинарство.
Со почит:
Владимир Симеонов

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток