Актуелно

Османи во Ватикан на средба со монсињор Пол Ричард Галагер

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во рамките на работната посета на Рим оствари средба со секретарот за односи со државите на Светата Столица, монсињор Пол Ричард Галагер.

Централно место во разговорите зазеде перспективата на меѓусебните релации и проактивна улога на нашата земја во промовирањето на меѓурелигискиот дијалог и почитувањето на верските слободи. Соговорниците се согласија дека историското апостолско патување на Папата Франциско во Република Северна Македонија во мај 2019 година, донесе нова димензија во речиси тридецениското односи, исполнети со пријателство и взаемна почит.

„Сите дипломатските напори и висок приоритет на нашата надворешна политика се насочени кон унапредување на добрососедските односи и регионалната соработка, во функција на обезбедување европска перспектива како за Северна Македонија така и за целиот Регион. Темелите на нашето уредување, како мултиетничко и мултиконфесионално општество, претставуваат вредносен модел кој е дел од системот на вредност на западната цивилизација.“, истакна Османи, при што беа поздравени нашите напори и споделенанадеж дека интеграцијата на Северна Македонија ќе се развие на начин што ќе биде од полза за целиот Западен Балкан.

Беа разгледани и можностите за интензивирање на секторската соработка меѓу двете земји, пред сè, во сферата на културата, заштитата на културно-историското наследство, образованието и здравството.

фото: Министерство за надворешни работи

На почеток