Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (10.03.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 197 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 30, санкционирани се 13 возачи за непочитување на брзина на движење, пет за технички неисправни и нерегистрирани возила.
Изречени се девет мерки за користење мобилен телефон, седум санкции за управување под дејство на алкохол, девет за минување на затворен сигнал(црвено светло), пет за недавање првенство на минување на пешаци и 38 за непрописно паркирани возила.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.
Фото: Архива