Спорт

Почнува предновогодишното лудило – Дедомразовци традиционално ќе трчаат во Скопје

Повеќе стотици Дедомрзовци во недела на 23 декември ќе трчаат во центарот на главниот град. Ќе се одржи традиционалната Дедомразовска трка.
Трката покрај натпреварувачки, има и забавен карактер па во неа се добродојдени да се пријават учесници од сите старосни групи. Должината на патеката е само 2 километри и можат да ја истрчаат и деца во придружба на родители. Пријавувањето се одвива преку веб страницата www.prvdovrv.mk.

Трката ќе започне на Плоштадот Македонија. Ќе се трча кон Порта Македонија, Парк Жена Борец, Холидеј Ин, мостот кај МНР, покрај Вардар кон Камениот мост и преку преку мостот до целта.
Учеството во трката чини 300 денари, а за првите 300 пријавени следува целосен дедомразовски костум, составен од палто, панталони, капа, ремен и брада.

За победниците се предвидени награди.  Стартот на трката е закажан за 12 часот.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток