Драма со Оскарите. Академијата најпрво го објави името на домакинот – водителот , а потоа се премисли. Во неполни 48 часа одземемо му е правото тој да ја води манифестацијата поради „претходни анти-геј твитови, и коментари што Харт ги имал во своите стендапи пред речиси 10 години.“
Харт се обидува да ја смири топка порачувајќи дека луѓе се менуваат и ова се случило пред речиси 10 години.
Следно, луѓето од Академијата му се јавуваат на Харт и од него бараат да се извини или ќе го сменат како водител. Харт се одлучува на втората опција и се откажува од водење на Оскарите 2019. Неговата позиција е дека во минатото се има извинето, објаснето, разјаснето и се што треба за она што сега му се забележува.
Од Академијата се уште немаат претстава кој ќе биде човекот што ќе го замени Харт.
