Општина Охрид го донесе првиот ДУП усогласен со Планот за управување со Охридскиот регион.
На денешната седница со 22 гласа „ЗА“ советот го изгласа ДУП-от кој се однесува на Урбана заедница 8, урбан блок 8.3 Бејбунар, напиша на својот Фб профил градоначалникот на Охрид Константин Георгиески.
Градоначалникот во објавата додаде:
Овој план првично беше поништен во 2013 година но по препорака на градоначалникот Константин Георгиески истиот се преработи и усогласи согласно препораките на УНЕСКО. Во планот се намалија висините, искористеноста на просторот се сведе на 50% и Општина Охрид за истиот доби позитивно мислење од Комисијата за УНЕСКО и Министерство за транспорт и врски.
Општина Охрид ќе ги усогласи сите Детално урбанистички планови согласно Планот за управување со УНЕСКО. Нашата крајна цел е Охрид да го зачува статусот на заштитено културно и природно наследство.
Фото: Константин Георгиески