Актуелно

Пешевска: Жената никогаш досега не била поранлива и понезаштитена, здравјето за власта е статистика на заразени и жртви, време е за оставки на Филипче и Владата

Се собравме да го кренеме гласот за сите неправди во здравството. Нашето место е на улицата, додека местото на оваа власт е во Мексико и во Дубаи, истакна на денешниот протест Жаклина Пешевска, претседателка на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ.

Таа посочи дека го креваат гласот во името на сите засегнати луѓе од пандемијата.

-Го креваме гласот во името на сите нас на сите на кои им е загрозено основното човеково право загарантирано со Устав, а тоа е здравјето. Бројките во нашата држава се немилосрдни и најголеми во цел свет. Најмногу заразени и мртви, а најмалку заштитени и вакцинирани. Затоа ве прашувам дали треба да сме неми набљудувачи на се ова што ни се случува? Жената никогаш досега не била поранлива и толку незаштитена. Соочени сме со можеби најголемиот предизвик досега, со короната, но и со најголема дискриминација на жените по сите основи. Пандемијата е катастрофална по женските права бидејќи кога имавме вонредна состојба, најголем дел од нас жените останаа дома да се грижат за домот и семејството, многу жени останаа без работа, а жените во приватниот сектор, цело време одеа на работа. Текстилните и просветните работнички беа принудени да одат на своите работни места користејќи јавен превоз во преполни автобуси, притоа ставајќи го својот живот и животите на своите семејства во ризик. Најмногу беа изложени и се уште се здравствените работници, кои уште на почетокот на пандемијата се соочија со недостаток на заштитна опрема, но и покрај се останаа на првата борбена линија против короната. Тие се херои на ова време и ја заслужуваат сета наша почит и благодарност, истакна Пешевска.

Таа посочи дека како жена го крева гласот во името на сите трудници и сите хронично заболени лица кои имаат потреба од клексан, а во екот на оваа пандемија се соочија со недостаток на истиот. Апелира владата да спроведе итна набавка на клексан бидејќи секојдневно има реакции од граѓани кои не можат да го добијат.

-Мораме да го кренеме гласот во името на сите наши сограѓани кои не можат да добијат термин за тестирање на коронавоирусот. Владата наместо да субвенционираше и овозможеше граѓаните бесплатно да се тестираат, народот беше оставен да талка по институциите за да на крај да мора приватно да се тестира. Уверена сум дека дел о ширењето на короната е последица на немањето на бесплатни тестови, па така луѓето со симптоми, барајќи начин за тестирање, без своја вина го ширеле вирусот. Оваа влада ветуваше бесплатно здравство, а пандемијата е прескапа и удира по џебот на секој еден граѓанин и истата оваа влада ги поскапе и струјата и водата во време на пандемија, со што поскапе потрошувачката кошница за секое едно семејство во Македонија. Ете така се грижи оваа влада за своите граѓани. Затоа треба да замине и веднаш оставка. Како жена сериозно сум загрижена за стравот кој се јавува кај жените трудници, но и кај оние жени и девојки кои во иднина би требало да се реализираат како мајки. По еден голем скандал кој се случи во Македонија, неприфатливо е во 21 век, кога технологијата секојдневно напредува во светот, ние во Македонија да се соочиме со случај да на една жена трудница и биде уништено репродуктивното здравје. Апелирам да не се доведеме во ситуација, губејќи ја довербата во институциите да се вратиме во0 средниот век па жените да се принудени да се породуваат во своите домови. Ако жената е таа која ја има дарбата дадена од Бог, да дарува живот, тогаш наша должност е да се грижиме за репродуктивното здравје на жената. Со тоа се грижиме и за иднината на светот, бидејќи безбедна жена значи безбедна иднина и здрави генерации. Доста е за сите лаги и манипулации, калкулации со нашето здравје не смее да има. Здравјето не е само статистика на заразени и жртви. Време е оваа власт да си замине и ВМРО-ДПМНЕ да ги исправи сите неправди. Време е за оставка., нагласи Пешевска.

фото: ВМРО ДПМНЕ

На почеток