Актуелно

Костадинов: Економските мерки даваат резултат, продолжува помошта за граѓаните, платите растат, се реализираат нови инвестиции

Економските мерки и политики што ги спроведува Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев обезбедуваат стабилизација на економијата и враќање на претходните стапки на раст. Во тек е шестиот пакет мерки за справување со последиците од коронакризата со што продолжува грижата и помошта за работниците и стопанството. Со овој пакет мерки вреден 17,8 милиони евра ќе се поддржат 10.000 компании кои вработуваат околу 60.000 граѓани. Предвидени се 9,9 милиони евра за финансиска поддршка на околу 6.000 угостители, истакна Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ.

Костадинов додаде:

На сите угостители ќе им бидат покриени 30% од приходите, а овој износ ќе се пресметува како просек од просечниот месечен приход во 2019 и 2020 година, на кој ќе се аплицираат деновите во кои овие дејности беа затворени.

Сите регистрирани угостителски објекти ќе добијат 15.200 денари финансиска поддршка по вработен, заклучно со 6 април 2021 година.

Според истите критериуми, со 2,5 милиони евра ќе се поддржат околу 1200 ресторани за свадби, компании за организирање настани, игротеки, ноќни клубови, приватни детски одморалишта, фитнес центри, фотографи и фотографски студија.

Конкурентноста на македонската економија повторно е на високо ниво. Последна потврда за тоа е новата инвестиција на Дрекслермајер во вредност од 16 милиони евра и отворање на нови 1.000 работни места во Кавадарци и Куманово.

По надминувањето на првичните шокови од пандемијата, деловната клима во државата денес е поволна за нови инвестиции.

За осум месеци, од септември 2020 до денес, ова е петти договор кој се потпишува за нова инвестиција на странска компанија во Република Северна Македонија.

Дека мерките на Владата предводена од СДСМ даваат резултат потврдува и растот на платите. И во време на пандемија не застана растот на просечната плата.

Според последните информации на Државниот завод за статистика, просечната плата за месец февруари е за 2,7 отсто повисока во однос на февруари 2020 и истата изнесува 27.948 денари.

Преку одговорен, инклузивен и домаќински пристап спроведуваме мерки што ја раздвижуваат економијата и обезбедуваат поддршка за работниците и стопанството.

Градиме динамична, конкурентна и развојна економија.

видео: СДСМ

 

На почеток