Актуелно

Левица: Образованието на Царовска е бесплатно откако родителите ќе си платат

Откако нè задолжија до гуша со цел наводни реформи во образование, гласноговорниците на власта најавуваат дека освен за хонорари, тешко дека ќе останат средства за било што друго. Имено, деновиве слушнавме дека само близу 4000 ученици (од над 200.000!) исполнувале услови да добијат електронски уреди преку кои ќе ја следат наставата. За останатите ќе си платат родителите, иако во Законот за основно и Законот за средно образование јасно е напишано дека образованието е БЕСПЛАТНО, се вели во соопштението од Левица.

Во продолжение на истото од партијата додаваат:

Веселата математика на претседателката на комисијата за образование на СДССМ и директорка на ДИЦ, Елизабета Наумовска, тврди дека откако ќе заштеделе пари со непечатење учебници, можеби уште некое дете би добило електронски уред за задолжително следење задолжителни содржини во БЕСПЛАТНОТО ОБРАЗОВАНИЕ! Е, тоа е она кое ни најмалку не ѝ јасно на владејачката булумента: дека ОБРАЗОВАНИЕТО НЕ Е ТРОШОК, ТУКУ ИНВЕСТИЦИЈА. Наумовска, дрско и арогантно изјави дека препечатување учебници го оптоварувало државниот буџет, додека само од август до февруари од буџетот биле потрошени над 7 милиони денари само за патни трошоци.

Министерката Мила Царовска пак многу милува „да си раскажува со свои зборови“ за образовните системи во други држави, па откако се повика на наводен фински модел кој беше демантиран од Финска, сега ги упати загрижените родители, дрско и напернато како што доликува на некој кој мора да прикрие колку е бос во некоја област, да провереле како е во Хрватска. Проверено. Нека провери и таа. Во Хрватска откако неколку години се подготвуваа за дигитализација на наставата, почнаа да воведуваат дигитални содржини само во неколку наставни предмети, без да ги исфрлат од употреба печатените учебници, а на сите ученици од основно образование им беа поделени таблети.

Левица укажува дека нема да дозволиме образованието да биде привилегија на мал број ученици чии родители градат хациенди додека мнозинството се борат и леб да стават на трпеза!

фото: Архива

На почеток