Во организација на компанијата „Мен енд маунтен“, а со поддршка на Министерството за животна средина и „Пакомак“ Скопје на 08.05.2021 год. (сабота) со почеток во 08 часот, ќе се одржи „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД“, во повеќе општини во државата. Во акцијата се вклучува и делегацијата на Европската Унија со нивната иницијатива „За чисто како и дома исто“.
Целта на акцијата е подигнување на еколошката свест за одговорност кон природата и за секои 10 кг собран отпад да се засади по едно дрво.
Општина Охрид и Ј.П.„Охридски Комуналец“ Охрид, се приклучуваат на акцијата со чистење на плажите Грашница, Горица и Св. Стефан како и плажата пред с. Пештани. Во акцијата ќе земат учество и здруженијата „Брег на младоста“ и „Чист Охрид“.
Акцијата ќе се организира во согласност со протоколите за Ковид-19, односно задолжително носењето заштитни маски и држење физичка дистанца.
Општина Охрид ги повикува сите заинтересирани граѓани да земат учество во акцијата.
Општина Охрид