Актуелно

Честитка од Георгиески по повод 7-ми Мај-Денот на Македонската полиција

Упатувам искрени честитки по повод 7-ми Мај-Денот на Македонската полиција. На сите службеници и припадници на полициските безбедносни сили им посакувам најпрво добро здравје, големи успеси и подобри услови за работа.
Безбедноста и сигурноста на граѓаните е важна основа за стабилност и развој на едно општество. Вашата подготвеност за делување во кризни состојби и посветеноста во делот на зачувувањето на јавниот ред и мир се од исклучително значење за Охрид како најголем културен и туристички центар во нашата држава.
Се надевам дека и во иднина ќе ја продолжиме нашата редовна и успешна соработка и заеднички ќе придонесеме за подобрување на условите за живеење за нашите сограѓани, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.

 

На почеток