Владата на Република Северна Македонија на 69-та седница, го задолжи Јавното Претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта “Македонија пат”, во соработка и координација со општина Охрид да и стави на располагање соодветна механизација согласно Мерката да продолжи и да се интензивира отстранувањето на бесправно изградени објекти во Охридскиот регион, со приоритет на крајбрежјето и на објектите нотирани од страна на НП Галичица, напиша на својот ФБ профил, градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.
Упатувам јавна благодарност до Владата за поддршката на активностите за отстранување на бесправните градби. Убеден сум дека само преку заедничко делување и на локалната и централната власт ќе може да ја оствариме нашата заедничка цел, а тоа е зачувување на Светското природно и културно наследство на Охридскиот регион.
извор: ФБ Константин Георгиески