Македонија

Георгиески за ТВ 24: Мора да се работи на превенцијата на бесправната градба

Константин Георгиески градоначалникот на Охрид во емисијата 24 анализа во однос на диовоградбите во Охрид, рече дека со овој закон е предвидено целокупниот регион кој е заштитен од УНЕСКО да се изземени од законт за легализација.

„Има тука различен момент за граѓаните кои живеат на заштитените подрачја. На територијата на Охрид имаме јасна слика на сите беправно изградени објекти. Точната бројка се шпекулира за околу 20 000 градби, но тоа не е така, бидејќи во општината имаа 16 000 предмети за легализација, како резултат на незапишани права во минатото. Имаме и добар дел на објети кои се класични дивоградби. И сега имаме две опции, или рушење или легализација, Проблемот не е во законот за легализација, туку што ние не работиме на превенција. И сега да донесеме закон за легализација, што после носењето на тој закон да не ни се појават пак дивоградби? Мора да се работи на превенцијата на бесправната градба.“ – вели Георгиески.

извор: ТВ24.мк

На почеток