Македонија

Георгиески: Во моментов работиме на расчистување на плажите од потегот од хотелот „Метропол“ до селото Пештани

Со отстранувањето на бесправно изградените објекти на плажите овозможуваме нивно слободно користење без нелегално наплаќање на влез и лежалки. Лежалки ќе може да бидат поставени пред хотелските комплекси но влезот на плажите ќе биде слободен за сите посетители. Во моментов работиме на расчистување на потегот од хотелот „Метропол“ до селото Пештани, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.

Градоначалникот во објавата додава:

‼️Апелирам, стопанствениците на објектите на плажите во опфат на ГУП-от да постапат по решенијата за отстранување од 2017 година и самостојно да ги отстранат објектите. Општина Охрид не отстапува од намерата да ги спроведе законите. Узурпацијата на државното земјиште и бесправното користење на овие објекти како вршење на дејност преку која стопанствениците се стекнуваат со профит претставува кривично дело.
Општина Охрид и во следниот период продолжува со отстранување на бесправните објекти. Предмет на постапување ќе бидат бесправните објекти од траен или времен карактер покрај крајбрежјето во опфат на ГУП-от.

 

извор: ФБ Константин Георгиески

На почеток