УЕФА, изрече казна, односно суспензија од еден натпревар за австрискиот напаѓач Марко Арнаутовиќ, поради навредите упатени кон македонскиот репрезенттивец Езѓјан Алиоски, за време на дуелот Австрија – Македонија во Букурешт.
По постигнувањето на голот, Арнаутовиќ го навредуваше Алиоски, а потоа двајцата разговарале.
Меѓутоа ФФМ го пријави Арнаутовиќ до УЕФА. Австриските медиуми шпекулираа дека Австриецот може да биде суспендиран до крај на ЕУРО, но УЕФА му изрече само минимална суспензија.