Македонија

Сведок: Оперативниот штаб на МВР не ја заврши задачата на 27 април

На прашањето на судијката Кацарска, сведокот кажа дека во моментот кога раководителот на опертивниот штаб е известен дека има настани како оние на 27 април, треба веднаш да дава наредби. Кацарска праша и дали во оперативниот штаб има телевизор, на што сведокот одговори потврдно, по што таа дополни дали воопшто некој требало да ги извести членивите на оперативниот штаб кога веќе  се гледало дека лица ги прескокнуваат оградите и влегуваат во Собранието, пишува НОВА ТВ.

„Дали сте требале да чекате на златната команда за да реагирате кога веќе сте гледале што се случува, вие сте сепак полиција“, констатираше судијката.

Сведокот одговори дека прво, силите кои биле на терен требало да се справат, а ако побарале дополнителни сили наредбата ја дава раководителот на опертивниот штаб.

„Тие што се членови на оперативниот штаб не можат да дадат наредби и да повикаат дополнителни сили од дома, затоа што тоа можеби веќе го сторил раководителот“, одговори сведокот.

„Дали е спротивно на вашите акти ако некој се обиде да помогне на малкумината полицајци кои требаше да се справат со толпа на народ и дали тие можеа да ги заштитат животите на пратениците, затоа што и тие не беа многу ангажирани“, праша Кацарска.

„Најбрзо можат да дојдат полицајците од СВР Скопје, па од одделите за специјални полициски операции“, одговори сведокот, а нив да ги повика може началникот на СВР Скопје, додека силите за обезбедување на објекти и лица може да ги повика раководителот на оперативниот штаб.

На директно прашаење на Кацарска дали оперативниот штаб бил на висина на задачата, сведокот рече,  „задачата не беше извршена“.

 

НОВА ТВ.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток