Актуелно

Во четврток “Отворен ден за јавноста” граѓаните ќе можат да видат дел од леталата и опремата на Воздухопловниот ВИНГ

Воздухопловниот ВИНГ на АРМ од денес до петок на крајбрежјето на Охридското Езеро ќе изведува летачка обука над водени површини со два хеликоптери Ми-8/17.
➡️Како дел од активностите на Воздухопловниот ВИНГ, а во соработка со Општина Охрид во четврток на 24.06.2021година во период од 16 до 19 часот пред Кампот за обука на АРМ кај каналот „Студенчишта“ ќе се реализира „Отворен ден за јавноста“ каде што граѓаните ќе можат да видат дел од леталата и опремата со која што располага Воздухопловниот ВИНГ.
📝Активностите се дел од подготовките за планираната НАТО вежба за кризен менаџмент „Северна Македонија 21“ водена од НАТО – Евроатлантскиот центар за координација за одговор при катастрофи (NATO EADRCC) и ЦУК која треба да се реализира во месец септември 2021 година во Охрид, пипува градоначалникот Георгиески во својата ФБ објава.

На почеток