Македонија

ЕКСКЛУЗИВНО: Владата го превзема колекторкиот систем околу Охридско Езеро

Владата на Зоран Заев го исполни ветувањето кое премиерот го даде во 2017 год. Денеска е формирано новото државно јавно претпријатие кое треба да врши одвод и прочистување на отпадни води околу Охридско Езеро, кое неофицијално ќе се вика „Колектор“, дознава Скопје1 од извори во Владата на РМакедонија.

Од кабинетот на градоначалникот Јован Стојаноски за Скопје 1 и официјално ја потврдија  информцијата и кажаа дека дека денеска биле известени за формирањето на новото претпријатие.

Првите разговори за формирањето на ова јавно претпијатие се водеа во јули 2017 кога оваа иницијатива писмено до премиерот ја достави тогашниот Градоначалник Никола Бакрачески, по што премиерот Зоран Заев оствари средба со Бакрачески и отпочна разговори за реализирање на оваа иницијатива, а процесот го продолжи актуелниот градоначалник Јован Стојаноски.

Инаку, колекторот е еден од најголемите финансиски товари на општина Охрид, а со овој чекор Владата дава значаен придонес во процесот на раздолжување на општината кој е во тек.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток