Скопје

5 000 жители од Припор, на само 3 километри од центарот на Скопје се отсечени од светот

5 000 жители на само 3 километри од центарот на Скопје  се  отсечени од светот. Причината е потпорен ѕид кој се урна пред две недели кога загина работник , а неговиот колега се здоби со повреди по одрон на земјиште. По трагедијата работата беше стопирана, а општина Кисела Вода даде забрана за сообраќај и движење на пашаци поради опасност од повторен одрон на земјиштето.

Жителите од оваа општина револтирани што ништо не се превзема да се се самира проблемот. Тие реагираат преку социјалните мрежи.

Пешаци – забрането ,
возила – забрането,
возила, пожарна и брза помош – забрането
дистрибутери на леб и млако – забрането
деца во школо  – забрането

Општина Кисела Вода ни забрани да живееме. Како е ова можно во 21 век?, Пишуваат револтираните жители .

Тие денеска повикуваат на протест од 17 до 19 часот поради изградба на потпорен ѕид на улицата „Христо Татарчев-  крак 14“ .

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток