Плажите во Лагадин се подготвени за новата туристичка сезона. Ова е вистинската слика како тие треба да изгледаат, слободни и тивки за вистински одмор за нашите туристи, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.
Градоначалникот во Објата додава:
Овде во изминатиов период беа отстранети бесправните објекти и платформи по што екипите на ЈП “Охридски Комуналец” го расчистија градежниот шут и засадија дрвја. Сега туристите може да постават сопствен чадор или лежалка, да изберат каде сакаат да престојуваат без дополнителни трошоци.
