Рано утринава беше транспортиран и посипан песок на неколку плажи, како дел од активностите за уредување на крајбрежјето што ги спроведува Општина Охрид во пресрет на туристичката сезона.
Се работи за афтохтон песок кој се распоредува во согласност со одредбите од Планот за управување со Светското природно и културно наследство на Охридскиот регион.
Екипите на јавните претпријатија интензивно работат на терен, а во текот на наредните денови ќе бидат поставени клупи за седење, монтажни соблекувални и фонтани за вода, напика на својот фб профил, градоначалникот на Охрид Константин Гоергиески.
