Се отстрануваат платформите од езерото кај Далјан. Потоа следи расчистување на теренот, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.
Градоначалникот во објавата додава:
Туристите и на овој потег наскоро ќе добијат чисти плажи и повеќе простор во езерските води. Општина Охрид продолжува со ослободување на плажите од бесправните платформи.