Актуелно

Георгиески: Обезбедуваме услови за слободно користење на плажите од страна на граѓаните и туристите

Заедно со премиерот Зоран Заев денеска извршивме увид на дел од охридското крајбрежје каде е што Општина Охрид во текот на изминатиот период спроведуваше активности за отстранување на бесправните објекти по што беше извршено уредување и подготовка на плажите во пресрет на туристичката сезона, напиша на својот Фб профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.

Градоначалникот во објавата додаде:

Горд сум што како локална и централна власт покажавме решителност, вистинска волја, капацитет и подготвеност да се соочиме со проблемите и да ставиме крај на долгогодишниот хаос, злоупотреби и узурпации на најатрактивната зона од заштитениот појас.
Обезбедуваме услови за слободно користење на плажите од страна на граѓаните и туристите, кои ќе летуваат покрај нашето прекрасно Охридско Езеро.

На почеток