Актуелно

Георгиески и Гир разговараа за активностите кои Општина Охрид ги презеде за отстранување на бесправните објекти на крајбрежјето

Чест ми е што нашите заложби како локална и централна власт во делот на почитување на законите, владеење на правото и исполнување на препораките на УНЕСКО за зачувување на природното и културното наследство на Охридскиот регион добиваат силна и континуирана поддршка од страна на амбасадорот на ЕУ во Република Северна Македонија, Дејвид Гир, напиша на својот Фб профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.

Градоначалникот во објавата додава:

На денешниот состанок со амбасадорот Гир разговаравме за сите активности кои Општина Охрид ги презеде во изминатиот период за отстранување на бесправните објекти на крајбрежјето и подготовка на плажите во пресрет на летната сезона.

На почеток