Актуелно

Општина Охрид го поддржa проектот „Младите – креатори на нашата иднина“

Општина Охрид го поддржa проектот „Младите – креатори на нашата иднина“ кој го реализира Здружението на децата бегалци и нивните потомци од Егејскиот дел на Македонија „Т’га за југ“ од Скопје, напиша на својот Фб профил Претседателката на советот на Општина Охрид, Живја Ангеловска.

Ангеловска во објавата додава:

Проектот e so цел да ги мотивира младите ученици, развој и напредок на културата, зголемување на креативноста и интересот кон музиката, актерството, сликањето и творењето.
Во рамки на проектот se организирa неколку-дневен настан во Извидничкиот центар во Охрид, кој опфаќа повеќе натпревари во различни категории.

На почеток