Македонија

Официјално – формирно Јавно претпријатие „Колекторски систем“ за заштита на Охридското Езеро од отпадни и загадени води

Владата на Република Македонија , на денешната 107-ма редовна седница донесе одлука за формирање на Јавно претпријатие „Колекторски систем“ за заштита на Охридското Езеро од отпадни и загадени води.Новото јавно претпријатие, ги презема сите обврски и во иднина ќе управува и стопанисува со колекторскиот систем за заштита на Охридското Езеро.

Со одлуката на Владата, всушност се прави поделба на досегашното Меѓуопштинско јавно претпријатие „Проаква“ , кое беше голем финансиски проблем за општините Охрид и Струга, бидејќи претпријатието беше нефункционално и работеше со загуби. На одлуката на Владата на Република Македонија и претходеа постапки за делбен биланс и одлуки на Советите на општините Охрид и Струга. По формирањето на јавното претпријатие за управување со колекторскиот систем, општините Охрид и Струга ќе формираат нови јавни претпријатија за стопанисување со водоводните системи.

Одлуката на Владата на Република Македонија со олеснување е примена кај локалните власти, но и кај граѓаните и стручната јавност, бидејќи со формирањето на новото јавно претпријатие се решава еден витален и повеќедецениски проблем со заштитата на Охридското Езеро, кое како светско природно наследство е на листата на УНЕСКО.

Иницијативата писмено до премиерот Зоран Заев во 2017 година ја испрати тогашниот охридски Градоначалник Никола Бакрачекси по што Премиерот Заев во Скопје се сретна со Бакрачески и ги разгледа и прифати плановите за превземањето на Колекторот, а сега и ги реализира во пракса.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток