СДСМ и ДУИ да не наоѓаат изговори и да ја поддржат Резолуцијата, а Џафери наместо да се објаснува да си замине од позицијата претседател на Собранието. Без донесена Резолуција Заев не смее да преговара со Бугарија. А тој веќе наговестува дека низ собраниска процедура ќе ја кочи Резолуцијата, а со тоа работи единствено на штета на Македонија, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ кое е реакција на изјавата на Зоран Заев во врска со преговорите со Бугарија и ставовите на Талат Џафери.
Во продолжение на истото од партијата додаваат:
Оваа влада не знае за ништо друго освен за работење спротивно на Уставот и законите.
Одговорот дека Талат Џафери го прекршил Уставот, но дека ќе го објасни тоа не е одговор, и треба да има одговорност, тој треба да понесе политичка одговорност.
Не смее и најголемите пропусти и кршења на Уставот и законите да поминат со објаснување.
Време е за одговорност. Време е за Македонија за сите луѓе!
