Амбасадорите на САД, Велика Британија и ЕУ со јавна поддршка за активностите кои ги прави градоначалникот на Охрид Константин Георгиевски, а со кои се спроведе Закон на брегот на Охридското езеро и се прави се градот да остане град на УНЕСКО.
„Големо е задоволството што денеска моја гостинка беше амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Кејт Мари Брнз со која имавме можност да поразговараме за повеќе актуелни и важни прашања за Охрид.
Горди сме што амбасадорката Брзн уште еднаш ја потенцираше нејзината поддршка на заложбите и посветноста на локалната и централната власт за зачувување универзалните вредности и уникатните аспекти на Охридскиот регион.
Покрај темата за исполнување на препораките на УНЕСКО и владеење на правото, имавме можност да разговараме и за инвестициите на општината во инфраструктурата, враќањето на финансиската стабилност, локалниот економски развој, актуелните вложувања на странските компании и развојот на туризмот во Охрид“, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид Константин Георгиески.
