Актуелно

Георгиески за „Охридско лето“: Обврзани сме да продолжиме да ги чуваме и негуваме овие културни вредности

„Охридско лето“ е најсветлата ѕвезда на македонското културно небо, темел на нашата традиција и вистинска гордост за секој охриѓанец. Оваа најаголема музичко сценска манифестација е нераскинлива нишка на нашиот идентитет и препознатлив печат со непроценливо уметничко значење. Обврзани сме да продолжиме да ги чуваме и негуваме овие културни вредности и да создадеме услови за нивно поголемо унапредување и почитување, напиша на својот Фб профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.

Во објавата градоначалникот додаде:

Уметниците од Националната опера и балет, вчеравечер со прекрасна балетска изведба на „Големиот Чајковски“ го означија стартот на овогодинашното фестивалско издание.
Убеден сум дека во текот на наредните денови ќе имаме можност да уживаме во уште многу прекрасни изведби од врвни уметници.

На почеток