На 84 охридски домаќинства им се исплатени вкупно 1.154.000 денари како субвенција за набавка на инвертер клима уред.
Ова е дел од мерките кои Општина Охрид ги спроведува за заштита на животната средина.
Според условите на јавниот повик се надоместуваат дел од трошоците направени при набавка на клима-уредот во висина од 50%, но не повеќе од 15.000 денари со вклучен персонален данок на доход по домаќинство, напиша на својот Фб профил, градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.
