Свет

Министерот Адеми преку социјалните мрежи го осуди снимањето на гласачите пред конзулатот во Мелбурн

По објавеното видео на социјалните мрежи, министерот за дијаспора Едмонд Адеми, реагираше преку својот „Фејсбук“ профил.

„Чинот на снимање на гласачите пред конзулатот во Мелбурн од страна на неколку индивидуалци е спротивно на сите закони и вредности на демократијата. Им честитам на тие граѓани кои водејќи се од националните и стратешките интереси на државата денес се одважија и го искористија своето загарантирано право на глас. Нивниот глас ќе се вреже во темелите на европска Македонија, како и гласот на сите други кои денес ќе гласаат“, напиша Адеми во објавата.

Исто така тој додаде и дека институциите на Република Македонија, се во контакт со Австралиските власти, а случајот бил пријавен, снимачите биле идентификувани и истите ќе ги сносат сите законски последници согласно Австралиското законодавство. Адеми ги охрабри сите кои денес ќе гласаат во дипломатско-конзуларните претставништва без никаков страв да го искористат своето граѓанско право на глас.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток