Екипите на ЈП “Охридски Комуналец” непрекинато спроведуваат интензивни активности за чистење и уредување на јавните површини. Деновиве се изврши:
Косење и хортикултурно уредување на зеленилото во градскиот парк и на булевар “Туристичка”;
Кастрење на обраснатото зеленило на патниот правец од Охрид до Лакочереј преку село Орман;
Чистење на дива депонија од кабаст отпад во село Трпејца;
Чистење на дива депонија во населба Воска;
Секојдневно одржување на јавната чистота на крајбрежниот појас од Охридското Езеро во две смени на потегот:
Плажа Горица 3;
Плажа Свети Стефан;
Плажи од Лагадин до камп Елешец;
Плажа Грашница;
Плажа село Пештани.
Секојдневно одржување на јавната чистота на локациите каде се изведува програмата на фестивалот “Охридско лето”.
