Македонија

(ВИДЕО) Што ќе се случува со Македонија идната година и зошто само зло ја прати државата, откриваат астролозите

Македонија астролошки е во знакот на девица, а подзнак бик. Астролозите како година, ден и час на раѓање на земјата за да изготват натална карта ги земаат 8 септември 1991 год, денот на референдумот и 21:00 часот кога се обзнанија резултатите од референдумот.

Астролозите велат дека кога се анализира наталната карта на Македонија, навистина се е точно и резултатите се фрапантни како такви што излегуваат. Познатиот филозоф и астролог Зоран Крстевски долги години со крајно точна прецизност, читајќи го влијанието на ѕвездите „најавуваше“ што не очекува. Но, како што вели „Последните скоро 7 – 8 год. се откажав од давање прогнози бидејќи се надевам на секој му е јасно и секој може да предвиди што се може да следи“.

Крстевски за Скопје1.мк , објаснува зошто немаме среќа со претседателите, поточно, зошто еден преживеа атентат, друг загина, трет кој не се занимава со политика повеќе после мандатот како што вели не можеше да „вирее“ …

Крстевски објаснува што се случува во моментов и зошто, како и кога завршува лошото влијание на сатурн врз земјава. „Свесно или несвесно, проблем сме направиле од самото создавање. Македонија е создадена за време на млада месечина. Сонцето е затемнето од месечината. Наместо да не огрее сонце, не затемнала месечина“, вели Крстевски за Скопје 1.

Во продолжение ви ја пренесувме видео изјавата од Про. д-р Зорна Крстевски.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток