Актуелно

(ФОТО) Се отстрануваат нелегално поставените препреки на јавни површини во Охрид

Се отстрануваат нелегално поставените препреки на јавни површини. Улиците се јавни површини, па неможе своја рака граѓаните да си зацртуваат паркинзи, пред објектите или пред живеалиштата.

Општина Охрид на 2 јули објави апел до граѓаните кои узурпирале јавни површини сопственост на РСМ со поставување тврди сообраќајни препреки како што се рампи, синџири, „триаголници“ за забрането паркирање или други ознаки во најскоро време да ги отстранат истите.

По апелот за кој охриѓани имаа доволно време да ги отстранат истите денеска екипи на надлежните служби на Општина Охрид, започнаа акција со која општината ги ослободува јавните површини.
Од општината уште апелираат нелегалното поставување на сообраќајни препреки на јавни површини граѓаните да го пријават на адреса: inspektorat@ohrid.gov.mk

На почеток