Охрид добива Младински центар каде што младите охриѓани ќе можат да креираат програми и проекти и да бидат носители на позитивни промени во нашиот град.

За таа цел Локалната самоуправа обезбеди простор лоциран во објектите на поранешната касарна, кој преку јавен повик и транспарентна постапка ќе биде отстапен на користење на младинска организација.

Нашата цел е да ги мотивираме младите да се вклучат во заедничката мисија да го направиме Охрид посакувано место за живеење и да создадеме услови за подобра иднина.

Градењето на партнерство помеѓу општината и младите е единствениот начин на кој ќе бидеме сигурни дека нашите политики се исправни и се однесуваат на вистинските потреби на заедницата, пишува градоначалникот Георгиески во својата ФБ објава