„Протуѓер нема да биде гонет за криминал направен од позиција на државен функционер во случај со вредност од 5 милиони евра. Делото застарело.
Паца од Долногаштани ќе ја даде целата своја пензија и уште 5 наредни за долг од 50 денари за неплатена вода, затоа што нејзиниот страшен криминал никогаш нема да застари. Срам да ви е социјалдемократи. Не променивте, само заменивте“, напиша на својот Фејзбук профил професорката Мирјана Најчевска.
По овој пост на Најчевска следуваа низа коментари.
Има коментари од типот:
Навистина жалосно за народот, тојсекогаш го извлекува најдебелиот крај. Или …Мирјана, проблемот е во сите коалициони партнери кој биле со власта и кој заради ситни интереси по 1-2 директорски места овозможувале на партиите креатори на политиките да прават “ршум“ од правни дубари, преку носење закони или не постапување.
Подржувачите на СДСМ пак коментираат .. СДСМ продолжете да правите грешки и одстапки нерачунајќи дека избледувате како политичка партија.
Други пишуваат : Нема промена, само замена. Ништо од никоја партија обичниот граѓанин не доби, само губи, наздравје гласачи…
Други напишале: Апсолутно не е в ред!!
Подржувачите пак на опозицијата со друг став: Кога ние ќе дојдеме на власт „Ние што не забораваме “, ќе уведиме закон по кој за над 100 илјади евра украдени на било кој начин од Македонија и народот „Ќе нема застарување на делото“ исто како за геноцид врз сопствениот народ.
Протуѓер нема да биде гонет за криминал направен од позиција на државен функционер во случај со вредност од 5 милиони…
Posted by Mirjana Najchevska on Saturday, December 8, 2018