Кои се лицата кои го придружуваат поранешниот премиер Никола Груевски во Будимпешта?
На фотографијата која се појави на социјалните мрежи, вчера на која се гледа како поранешниот премиер Никола Груевски се шета во Будимпешта, се гледа и Александар Трајковски, советник во општина Гази Баба од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, партиски акивист и одличен логистичар.
Во моментов Трајковски е вработен во царинската управа на Р Македонија.
Скопје1.мк се обрати до царинската управа. Прашавме дали Трајковски во момтов користи одмор, поточно како отсуствува од работа.
Од царинската управа за скопје 1 велат дека Царинскиот службеник Александар Трајковски од 5 ти декември 2018 год. користи боледување, уредно пријавено согласно интерни акти на Царинската управа. Исто така информираме дека царинскиот службеник во изминатиот период немал подолги отсуства од работа, ниту пак реализирал службено патување во Унгарија.
Со оглед на тоа што Царинската управа во овој момент нема изворни информации за наводите кои се објавени во медиумите за Александар Трајковски, вработен во царинската управа , ве известуваме дека надлежните служби го испитуваат случајот и штом ќе имаме веродостојни информации, ќе ве известиме, велат од царинската управа за Скопје1.мк .
Инаку сликата од прошетката на Груевски и Трајковски е предмет на разгледување на надлежното обвинителство, коешто го испитува бегството на Груевски, а сега ќе бара и кој сликал.