Отец Пимен восвојство на сведок денеска на рочиштето за 27 април рече дека се сретнал со обвинетиот Богдан Илиевски на 28 април и дека овој му кажал дека треба да си го вратат угледот и дека намерата не им била да се влезе во Собранието.
Инаку рече Отец Пимен „Богдан Илиевски ми е пријател од Охрид, но и не само тоа, туку тој е мое духовно чедо“. Тој додаде дека со обвинетиот Бетмен се запознал преку социјалните мрежи и се споиле заради лична правдина.
„Кај Богдан се јави интимна потреба за лична исповед и го познавам многу длабоко. Цело време беше во истиот дух и убеденост, а сето тоа го правеше без паричен надомест и без намера за напредок во кариерата“, сведочеше отец Пимен. Сведокот го пофали Богдан Илиевски и за тоа како успевале на протестите „За заедничка Македонија“ да го смируваат народот, а и за тоа дека го собирале ѓубрето по завршување на протестите.