Средна на министерот Венко Филипче и Синдикатот на здравствените работници. Тие се обидуваат да најдат решение во врска со поскапувањето на паркирањето за вработените на Клиничкиот центар во Скопје, а како можност се разгледува паркингот да се врати на стопанисување на Центарот.
– За решавање на проблемот со паркирањето сакаме да изградиме две монтажни катни гаражи, едната кај Гинекологија, а другата кај хелиодромот. Во тек е ревизијата на физибилити студијата за гаража кај хелиодромот што ја наследивме – изјави денеска министерот Филипче.
Филипче спомена дека можностите за зголемување на платите годинава биле толкави, но затоа пак напомена дека се зголемени и надоместоците за дежурства, а најави дека следната година ќе има ново покачување на платите.