Свет

(ВИДЕО)Танјуг: Колона возила на КФОР се движи кон северот на Косово

Над 45 возила на КФОР влегле на северот на Косово, нешто пред 10 часот, а се движат во колона и, според српски извори, одат во правец на Лепосавиќ, јавува Танјуг.

Покрај борбени возила, во колоната има и опрема за блокади и правење бариери, како градежни машини, багери и боцкава жица.

Според информациите од теренот, возилата на КФОР во кои се наоѓаат припадници на унгарскиот контингент, се поставени на две локации кај Лепосавиќ.

Движењето на КФОР на северот на Косово се случува во моменти на веќе кренати тензии по потезите на Приштина кои ги влече без поддршка од ЕУ, а особено пред утрешниот план да се донесе одлука за формирање косовска војска, со отворена поддршка од САД.

Командантот на здружените сили на НАТО во Наполи, американскиот адмирал Џејмс Фого, вчера кажа дека формирањето војска е нешто за што „суверено одлучува“ Приштина.

„Во тој контекст, присуството на КФОР на северот на Косово, предизвикува страв од можна реакција на Србите“, заклучува српската агенција Танјуг.

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток